Линкови за пристапност

ДеСантис вели дека би ги прекинал трговските односи меѓу САД и Кина


Републиканските кандидати за претседателска номинација се сè поотворени за идејата за прекин на трговските односи меѓу САД и Кина, кои од 2000 година на Пекинг му дадоа статус на „трајни нормални трговски односи“ и ја измазнуваат трговијата меѓу двете најголеми економии во светот.

Во својот обид да добие терен на републиканските прелиминарни избори, гувернерот на Флорида Рон ДеСантис, рече дека ќе го отповика трговскиот статус на Кина како дел од она што тој го карактеризира како „Декларација за економска независност“.

„На навредливите односи, на асиметричните односи меѓу нашите две земји, мора да дојде крајот“, рече ДеСантис пред толпата во Њу Хемпшир.

„Нема повеќе масовни трговски дефицити. Нема повеќе увоз на стоки со украдена интелектуална сопственост. Нема повеќе повластен трговски статус“.

Во изјавата дадена за Гласот на Америка, кинеската амбасада во Вашингтон го критикуваше ДеСантис и другите кандидати на Републиканската партија за „оцрнување и префрлање на вината“ по прашањето на трговијата.

XS
SM
MD
LG