Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, доживеа сообраќајна несреќа во вторникот додека патуваше на настани за претседателската кампања во Тенеси, но не беше повреден, соопшти неговата кампања.
Прес секретарот на кампањата Брајан Грифин за Асошиетед прес потврди дека републиканскиот кандидат „доживеал сообраќајна несреќа додека патувал на настан во Чатануга, Тенеси“.
Грифин рече дека Де Сантис „и неговиот тим не се повредени“. Повеќе детали за несреќата не беа споделени веднаш.
ДеСантис требаше да одржи настани низ централниот и источниот дел на Тенеси во вторник. Тој заостанува пред фаворитот Доналд Трамп во претседателскиот натпревар на Републиканската партија.
Извор: Асошиетед прес