Линкови за пристапност

Повеќе помош за ментално болните


Повеќе помош за ментално болните
Повеќе помош за ментално болните

Еден на петмина возрасни во Америка страда од некоја форма на ментална болест, според ново истражување. Иако помош е достапна, многумина не ја бараат, можеби заради неразбирање на болеста или заради страв од стигма. Но, реперкусиите од нетретирање на ментална болест може да бидат страшни - губење на работа, семејни проблеми, изолација, бездомништво и безнадежност. Во текот на изминатите четири децении истражувачите развиле моќни лекарства за ублажување на симптомите, но нефармацевтски третман што успешно беше користен изминатиов половина век сеуште е важен дел на терапијата.

Во дворот на локалната библиотека во општината Кент, во Мериленд, петмина мажи и жени се собрани околу маса на разговор. Тоа се членови на групата за поддршка под покровителство на Chesapeake Voyagers, центар за здравје и опоравување, кој работи на помагање на луѓе со биполарно пореметување, депресија, панични напади и други пореметувања кои го менуваат начинот на размислување, расположението и однесувањето.

Ребека (користиме само имиња заради заштита на приватноста на соговорниците) вели дека првиот ден кога дошла во Chesapeake Voyagers, голема работа била само да ја отвори вратата. Таа има 47 години и со депресија се бори од детството, иако била дијагностицирана дури неодамна.Таа вели дека изолацијата е огромен проблем.

„Два пати се обидов да се самоубијам. Мислам дека кога сте во таа долина на темнина, каде едвај можете да ги вршите елементарните работи, како туширање, лична хигиена, вистинска борба е да се почувствувате вреден, со место во општеството. Не чувствувате дека можете да приготвите оброк, да одите во продавница, да се мешате со луѓе. Депресијата ви го одзема карактерот. Немате ништо за кое може да се држите“, вели таа.

Но групите за поддршка, како оваа од Chesapeake Voyagers – нудат нешто на кое може да се држите: заедница на луѓе со слични проблеми. Поддршка од слични како вас, како дополнение на приватно советување и лекарства, е важен аспект на терапијата за ментално здравје.

Советување од слични на вас, од кои многу минале низ истите ментални проблеми и успешно се извлекле, ги предводат групите. Советникот Одри Диалард е двополарна и вели дека не била подобна за работа пред да дојде во Chesapeake Voyagers:

„Биполарните имаат големи осцилации. Може брзо да добиете работа, но исто толку брзо да ја изгубите. Не го разбирав тоа, не знаев дека тоа е болест“.

Сега Диалард е вработена во Chesapeake Voyagers. Води група за поддршка што се справува со депресија и ефектите од емоционална и физичка злоупотреба. Друга од нејзините групи се фокусира на злоупотреба од алкохол и дрога – состојби за кои истражувачите покажуваат дека се блиску поврзани со ментални пореметувања.

На средбите на групите членовите ги споделуваат мислите, тие прашуваат и одговараат на прашања. Разговараат за бариерите со кои се среќаваат при опоравувањето, како срам и отфрлање што многу од нив чувствуваат како реакција на ментално болните.

Како дополнение на групите за поддршка, Chesapeake Voyagers организира социјални настани вклучувајќи излегување на вечера, куглање или во кино. Центарот исто така нуди пристап до компјутери за наоѓање работа и дом, и информации за други ресурси за ментално здравје. Вакви услуги се даваат во целата земја и се` почесто во виртуални заедници преку веб-страници и Интернет огласни табли.

XS
SM
MD
LG