Линкови за пристапност

Депортации на лица со нелегален престој


Според Вашингтон пост, Одделот за домашна безбедност до почетокот на јануари, можно е да започне со депортација на семејства коишто во САД престојуваат илегално.

Весникот додава дека САД се подготвуваат за серија рации чија цел се семејства коишто пристигнале во САД по нелегален пат и тука се од почетокот на минатата година.

Вашингтон пост, цитирајќи неименувани извори, вели дека кампањата на Имиграционата служба можно е да започне уште на почетокот на 2016-та.

Во весникот се вели дека ова би била прва акција од вакви размери и притоа би се депортирале преку 100.000 семејства кои влегле во САД преку јужната граница. Многумина од семејствата бегале од насилството во Централна Америка.

Вашингтон пост наведува дека цел на операцијата ќе бидат возрасни и деца кои веќе имаат наредба од имиграционен судија да ја напуштат земјата и дека акцијата треба да добие конечно одобрение од Одделот за домашна безбедност. Од Агенцијата се` уште нема официјален коментар.

XS
SM
MD
LG