Линкови за пристапност

Депортации и помалку бенефиции: Германија со поостри правила кон барателите на азил


Германија ги претстави плановите за заострување на законите за миграција и депортирање на повеќе неуспешни баратели на азил, што претставува остар пресврт на нејзината неодамнешна мигрантска политика. Известува Хенри Риџвел.

Двесте и триесет илјади луѓе побараа азил во Германија во првите девет месеци од оваа година, повеќе отколку во цела 2022-ра.

Со преполнети прифатилиштата за мигранти, регионалните власти се жалат дека трошоците се неодржливи.

Германија го отежнува добивањето азил
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:52 0:00

Канцеларот Олаф Шолц вели дека премногу мигранти доаѓаат во Германија. Тој беше домаќин на 16-те гувернери од државата - каде претстави договор за кој тврди дека ќе ја намали миграцијата.

„Верувам дека ова е историски момент. Во време на несомнено огромен предизвик, со многу голем број мигранти и нерегулирана миграција, сите нивоа на државата успеаја тесно да соработуваат, што е неопходно. Луѓето го очекуваат ова од нас“, изјави Шолц.

Со договорот, федералната влада ќе им плати на државите и општините по осум илјади долари за прифатен бегалец од следната година.
Ќе се скратат бенефициите за барателите на азил.

Олаф Шолц
Олаф Шолц

Шолц вети дека ќе ги забрза одлуките за азил - и ќе го олесни депортирањето на оние на кои им е одбиен статусот на бегалци.

Верувам дека ова е историски момент. Во време на несомнено огромен предизвик, со многу голем број мигранти и нерегулирана миграција
Олаф Шолц, Германски канцелар

Привремените проверки на полската, чешката и швајцарската граница ќе останат, а Берлин вети построги казни за трговците со луѓе.

Тоа е голем пресврт од политиката на претходникот на Шолц, Ангела Меркел.
Во 2015-та, Германија ги отвори своите граници за повеќе од еден милион бегалци.

Шолц веќе се подготвува за претстојните европски избори, закажани за јуни следната година, вели аналитичарката Камино Мортера-Мартинез.

„Главните централно-десничарски партии ја прифаќаат пораката дека треба да бидат - или да изгледаат - поостри во однос на миграцијата, за да ги придобијат гласовите што сега одат кон порадикални алтернативи, како Алтернатива за Германија“, вели Мортера-Мартинез.

Мортера-Мартинез вели дека конфликтот Израел-Хамас ја потпалува политичката реторика околу имиграцијата.

„Многу опасно да се навлезе во идејата дека ќе има масовен бран бегалци. Ова е вид на дискурс што им користи на популистите и на екстремната десница“, додава аналитичарката.

Во меѓувреме, Италија - која прима стотици илјади мигранти секоја година, во понеделникот потпиша договор за изградба на Центри за обработка на барателите на азил во Албанија.

Италијанската премиерка рече дека тоа би можело да биде основа за постигнување договори меѓу ЕУ и земјите кои не се членки.

Критичарите велат дека ваквите планови може да го прекршат меѓународното право.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG