Линкови за пристапност

Албанија ќе враќа дел од украдените икони од македонските цркви, но земјава нема централно депо за нивно чување


Во земјава има околу 30000 икони, од кои што 80% се веќе стасани во некоја фаза, дали тоа би било превентивна заштита и конзерватоски третман, вели Сашо Цветкоски од МАНУ

Украдените икони,од македонските цркви, кои завршија во Албанија, се од непроценливо културно и историско значење, вели за Гласот на Америка, Сашо Цветкоски од Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ. Албанската Влада, неодамна на заедничка седница со македонската, симболично донесе една од вкупно 21 икона, кои треба да бидат вратени назад.

„Сите тие икони кои ние ги идентификувавме во 2013-та година се од времето на доцен 18 век и од 19 век. Тука имаме икони од повеќе од зоографи, но доминираат иконите од дебарските зоографи, Дичо зоограф, Аврам Дичо, Серафим зоограф“, вели Цветкоски.

Нема централно депо за чување на иконите што ќе ги врати Албанија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:24 0:00

Неодамна била идентификувани уште 38 икони. Станува збор за икони од црквоните објекти во струшко, ресенско и дебарско. Проблем е што во Северна Македонја нема централно депо за чување на икони, и прашање каде тие би се чувале по нивното враќање дома вели тој.

„Тоа беше еден бран на насилно влегување во црквите, меѓу 2008 и 2013-та година. Тоа беше интензивно. Имаше педесеттина провали и влегувања. Тоа се села каде нема луѓе. Тие се иселени и проблемот на чување е секогаш присутен и актуелен е“, додава Цветкоски.

Во црквата Свети Ѓорѓија во Струга веднаш по тие кражби, презеле активности за заштита. Извршиле и дислокација на вредни движни икони од помалите цркви во некои селски средини и креирање на соодветни депоа каде истите сега се чуваат.

„Обезбедување преку агенции, обезбедување со одредени системи безбедносни, со тоа што брзата реакција покажа големи резултати. Тие кражби беа толку интензивни, бидејки во краток период од две години многу икони се изнесени од нашите цкрви и украдени“, вели Отец Васко од црквата „Цв.Ѓорѓија“.

Но ова е само еден мал дел од се она што е изнесено од државата. Претпоставките се дека повеќе од 1000 вредни икони и други цркoвни предмети, се украдени од црковните објекти во западниот дел на земјава.

„Се случуваа кражби каде што имаме и живи села, каде бројката на жители е голема. Иако е голема сепак имавме потреба од безбдносни системи и агенции. Како и свесноста која ја стекнаа црковните одбори и жителите, каде се наоѓаат овие цркви, дека имаме сериозни криминални групи кои се движат“, додава отецот Васко.

Во земјава има околу 30000 икони. Но Цветкоски предупредува сега на еден друг проблем.

„Од кои што 80% се веќе стасани во некоја фаза, дали тоа би било превентивна заштита и третман конзерваторски, дали некаде посериозен. Говорам за иконописното наследство, а ние имаме околу 3000 црковни објекти, од кои над 1000 се споменици на културата. Ние имаме споменици од класичен византиски период. Најубавите споменици кои се во исклчително лоша состојба и деликатна“, истакнува Цветкоски.

Таков е примерот со манастирот во Курбиново и Трескавец но и неколку други.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG