Линкови за пристапност

Апсењето на Асанж приоритет за американскиот главен правобранител


Сешнс вели дека Одделот за правда ги интензивира напорите кривично да гони лица кои протекуваат доверливи информации

Американскиот главен правобранител Џеф Сешнс изјави дека апсењето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е приоритет. Неговите оценки доаѓаат во време кога американската влада се подготвува да покрене обвинителни акти против австралискиот „свиркач“ или дојавувач на информации.

Зборувајќи во Ел Пасо, Тексас, Сешнс рече дека Одделот за правда ги интензивира напорите кривично да гони лица кои протекуваат класифицирани информации во медиумите.

„Некои од протечените информации биле со главно сериозна содржина, и затоа наш приоритет е негово приведување“, потенцираше Сешнс.

Ваквите најави доаѓаат во време кога Викиликс минатиот месец објави речиси 8.000 документи, при што беа обелоденети тајни како функционира кибернетската шпионажа на ЦИА во лични персонални компјутери, мобилни телефони, па дури и паметните телевизори.

Викиликс претходно објави 250.000 документи - тајна коресподенција на Стејт департментот и ја посрамоти американската армија.

Одделот за правда истражува и го следи Асанж уште од 2010-та, кога Викиликс објави илјадници украдени документи од областа на безбедноста за САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG