Линкови за пристапност

Родман ја поздрави средбата Трамп – Ким Јонг Ун


Поранешниот кошаркар во интервју за „Си-Ен-Ен“ кажа дека сака да види соработка меѓу Вашингтон и Пјонгјанг

Поранешниот играч во „Националната кошаркарска асоцијација (НБА), Денис Родман изјави дека е среќен што се одржала средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун.

Тој во интервју за „Си-Ен-Ен“ кажа дека сака да види соработка меѓу двете држави и дека заслугата за тоа му припаѓа на Трамп.

Родман, кој досега пет пати патуваше за Северна Кореја на разговори со Ким Јонг Ун, во еден момент од интервјуто се расплака, опишувајќи како се соочил со смртни закани по враќањето од едно од тие патувања.

57-годишниот кошаркар пристигна во Сингапур вчера. Тој носеше маица со натпис: „Мирот започнува во Сингапур“, заедно со логото на криптовалутата за легализирање на индустријата за марихуана, кои му платиле барем едно од неговите патувања во Северна Кореја.

Родман заедно со неговиот тим, пет пати го освои шампионатот во НБА и веќе 20 години не е вклучен во спортот. Но, остана во центарот на вниманието со неговите патувања во Северна Кореја, од кои американскиот Стејт департмент се дистанцираше.

Посетите на Родман на Пјонгјанг беа пред Трамп и Ким да решат да одржат средба посветена на програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја.

Родман изјави дека не е сигурен дали на маргините на самитот ќе се состане со Ким.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG