Линкови за пристапност

Данската полиција приведе двајца по нападите во Копенхаген


Приведените се осомничени дека помагале на вооруженото лице што уби две лица во саботата

Данската полиција вели дека уапсила двајца мажи за кои се верува дека му помагале на 22-годишното вооруженото лице во двата одвоени напада во Копенхаген во саботата. Едниот инцидент се случил за време на настан за слобода на говорот, а вториот во главната синагога во градот.

Данскиот премиер Хели Торнинг-Шмит нападите ги нарече „циничен акт на терор против Данска“.

Полицијата го уби наводниот напаѓач рано во неделата, откако отворил оган врз полицајци во близина на железничка станица. Властите соопштија дека тој имал криминално досие што опфаќа насилство и криминал со оружје.

Според шефот на данското разузнавање, Џенс Медсен, истражителите веруваат дека напаѓачот бил инспириран од исламски радикализам.

XS
SM
MD
LG