Линкови за пристапност

Денеска е Светски ден на менталното здравје


Менталното здравје е универзално човеково право
Менталното здравје е универзално човеково право

Овогодинешната тема е „Менталното здравје е основно универзално човеково право“.

Луѓето ширум светот кои имаат ментални здравствени состојби, според Светската здравствена организација, се соочуваат со дискриминација.

„Да се има состојба на ментално здравје никогаш не треба да биде причина да се лишат човековите права или да се исклучат од одлуките за сопственото здравје“, се вели во соопштението на СЗО.

„Сепак низ целиот свет, луѓето со ментални здравствени состојби продолжуваат да доживуваат широк спектар на прекршувања на човековите права“, велат од СЗО.

„Еден од осум луѓе на глобално ниво живее со ментални здравствени состојби, што може да влијае на нивното физичко здравје, нивната благосостојба, како тие се поврзуваат со другите и нивната егзистенција“, соопштија од СЗО.

Светскиот ден на менталното здравје е инициран во 1992 година од страна на Светската федерација за ментално здравје и оттогаш добива на интензитет бидејќи се повеќе луѓе стануваат свесни за тоа колку е суштинско доброто ментално здравје за целокупната благосостојба на една личност.

Светската федерација за ментално здравје ја подигнува свеста за потребите на луѓето со проблеми со менталното здравје од 1948 година.

XS
SM
MD
LG