Ден на трудот: Протест за повисоки плати и работнички права
„Работниците се државата“, „Дојдете вие работете 60 часа на сонце“, „За вас 2.000 дневно, за работникот 2.000 месечно“, „Заминаа работниците, ќе заминат и децата“... Тоа беа само дел од пораките и паролите упатени од првомајскиот протестен марш што во организација на ССМ се одржа во Скопје.