Линкови за пристапност

Демократ против демократ: народот го избра прогресивецот Џонсон за градоначалник на Чикаго


ЧИКАГО (АП) - Поранешниот учител и синдикален организатор Брендон Џонсон е избран за градоначалник на Чикаго.

Победата во вторникот е голема победа за прогресивното крило на Демократската партија, бидејќи третиот по големина град на нацијата се бори со висок криминал и финансиски предизвици.

Џонсон е комесар на округот Кук кој беше поддржан од Синдикатот на наставниците во Чикаго. Тој го победи поранешниот извршен директор на училиштата во Чикаго, Пол Валас, кој беше поддржан од полицискиот синдикат.

Џонсон како нов градоначалник на градот ќе ја наследи Лори Лајтфут, првата Афроамериканка и првата отворена личност од истополовата заедница.

Победата на Џонсон заврши извонредна траекторија за кандидат кој беше малку познат кога влезе во трката. Тој се искачи на врвот со организирање и финансиска помош од политички влијателниот синдикат на наставници од Чикаго.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG