Линкови за пристапност

Остри разлики кај Демократите за намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните


Оваа тема третира реален пролем и им овозможува на Демократите да ја спротивстават својата политика со онаа на американскиот претседател Доналд Трамп

Во трката за демократската кандидатура за претседател, каде што дваесетина кандидати се во секојдневна борба за сопствена промоција, многумина се залагаат за планови кои треба да ја намалат нееднаквоста во поглед на приходите и богатството во САД.

Тоа е тема која третира реален пролем и им овозможува на Демократите да ја спротивстават својата политика со онаа на американскиот претседател Доналд Трамп, чиј потпис на Законот за даноци пренасочи огромни суми пари до најбогатите Американци, нудејќи само скромни придобивки за помалите даночни обврзници.

Јазот во богатството стана уште поизразен од јазот во приходите. Според Институтот за политички студии, тројцата најбогати луѓе во САД, Џеф Безос, Бил Гејтс и Ворен Бафет имаат повеќе богатство отколку 50 проценти од вкупното население. Заедно, најбогатите 5% од Американците поседуваат две третини од богатството во државата.

Претходно, Елис Гоулд, економист од Институтот за економски политики, сведочеше пред Комисијата за начините и средства за домување дека „еден процент од приходите на домаќинствата пораснале за 229 отсто од 1979 година, додека само 1,0 отсто изнесува годишниот раст – за 90 отсто од домаќинствата.“

Јазот во богатството стана уште поизразен од јазот во приходите. Според Институтот за политички студии, тројцата најбогати луѓе во САД, Џеф Безос, Бил Гејтс и Ворен Бафет имаат повеќе богатство отколку 50 проценти од вкупното население. Заедно, најбогатите 5% од Американците поседуваат две третини од богатството во државата.

Берни Сандерс

Некој кој навистина меѓу демократските кандидати може да зборува за борба против нееднаквоста во приходите и јазот во богатството е сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, кој се бори за кандидатура, иако не и припаѓа на партијата. Идентификувајќи се како „демократски социјалист“, Сандерс веќе долго време повикува на казнено оданочување на богатите и прибирање на 2,2 трилиони долари од како што вели речиси 600 милијардери во САД преку зголемување на прагот на данокот на наследство. Исто така, тој е долгогодишен поддржувач на минималната плата од 15 долари.

Џон Бајден

И предлозите на поранешниот потпретседател Џо Бајден се однесуваат на премостување на јазот меѓу богатите и сиромашните и постигнување поголема. Бајден се залага за закони кои ќе го заштитат големото наследство од значителното оданочување. Тој ги критикуваше намалувањата на даноците кои беа донесени за време на почетниот период на администрацијата на Трамп поради тоа што биле насочени во корист на богатите. Во исто време, тој постојано ветува дека нема да наметнува казнено оданочување на богатите.

Елизабет Ворен

Меѓу најагресивните кандидати на чиј удар се најдоа најбогатите, е сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен, која предлага „ултра-милионерски данок“, што би предвидел 2% данок на имот на целата нето вредност од над 50 милиони долари и 3% на целата нето вредност од над 1 милијарда долари. Трилионите долари приходи кои што би произлегле од ова би биле насочени во програми за намалување на финансиските оптоварувања на семејствата со ниски приходи, обезбедување на универзална грижа за деца и финансирање на изградба на станови наменети за достапно домување.

Камала Харис

Работејќи од дното нагоре, калифорниската сенаторка Камала Харис предложи повратен даночен кредит кој за семејствата ќе обезбеди поврат до 6.000 долари годишно. Таа е поборник за минимална плата од 15 долари по час и предлага програми кои ќе ги заштитат луѓето од плаќање на повеќе од 30% од нивниот приход и повеќе од 7% за згрижување на деца.

Пит Бутиџеџ

Градоначалникот на Индијана, Пит Бутиџеџ, поддржува минимална плата од 15 долари на час. Тој, исто така, сака да ги зајакне синдикатите и нивната способност да преговараат за повисоки плати. Се залага за платен семеен одмор и поголем пристап до грижа за деца.

Бето О’Рурк

Поранешниот конгресмен од Тексас Бето О'Рурк, од сите кандидати е најнеодреден во однос на нееднаквоста на богатството и приходите. Во неговата кампањата тој вети растурање на „невидената концентрација на богатство, моќ и привилегии во САД“, но даде малку детали за тоа како ќе го постигне тоа. На неговата веб-страница креирана за потребите на кампањата не се наведува економската нееднаквост меѓу прашањата кои О'Рурк ги третира.

Кори Букер

Некои од најуникатните предлози за справување со јазот на богатството и приходите беа изнесени од кандидати кои досега не успеаја да привлечат значителна поддршка на гласачите. Кори Букер се залага за т.н. „бебешки обврзници“. Идејата е за секое дете родено во САД да му се даваат 1.000 американски долари годишно (2.000 долари за деца од семејства со ниски приходи), кои ќе растат на сметки во трезорското одделение додека децата не станат полнолетни. Парите, кои би можеле вкупно да достигнат до 46.000 долари дотогаш, би можеле да се искористат за купување домови, образование или како инвестиции во пензиски фонд.

Ендрју Јанг

Ендрју Јанг се залага за чек од 1,000 долари месечно за секој возрасен Американец.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG