Линкови за пристапност

Сенаторката Гилибранд излегува од трката за претседател на САД


Демократската листа на кандидати да се соочат со претседателот Доналд Трамп на изборите следната година се намалува

Сенаторката Кирстен Гилибранд излегува од трката за претседател на САД. Таа беше една од кандидатите која не се квалификуваше за учество на наредната дебата закажана за 12 септември.

Демократската листа на кандидати да се соочат со претседателот Доналд Трамп на изборите следната година станува појасна.

Демократската партија воведе правила, според кои, ќе треба да се утврди кои кандидати би можеле да учествуваат на настани, на кои ќе имаат можност да се истакнат пред нивните противкандидати.

Бидејќи многумина сакаат да бидат демократскиот кандидат за 2020-та година, првите две дебати беа поделени во две вечери, додека септемвриската ќе биде ограничена само на десет кандидати.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG