Линкови за пристапност

Дебата за имиграционото прашање


Во актуелната битка за продобивање латино-американските гласови, и демократските кандидати одржаа своја таканаречена дебата за политиката за имиграцијата и бегалците

Во своето обраќање, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон ги потсети републиканците за пропуштените можности.

„Ниту еден од републиканските кандидати - ниту еден - јасно и постојано не поддржува вистински пат кон државјанство. Сенаторот Рубио помогна во пишувањето на предлог-законот за имиграцијата во 2013-та. Сега го отфрла. Сите се залагаат за екстремност и се далеку од останатиот дел од Америка“, рече Клинтон.

За разлика од Клинтон, која го насочи вниманието врз републиканците, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс и поранешниот гувернер на Мериленд, Мартин О'Мајли целеа врз демократски ривали.

Сандерс за цел ја имаше Клинтон по прашањето за минувањето на малолетниците преку границата на САД од Централна Америка, за да избегаат од криминалот и немањето на можности. Тој и се обрати на симпатизерите преку видео-врска.

„Бев вџашен што многумина, вклучувајќи и некои во рамките на Демократската партија инсистираа на тоа дека големиот број на деца на мигранти на границата треба да бидат вратени. САД имаат меѓународна одговорност кон децата и семејствата кои бараат статус на бегалци“, коментира Сандерс.

Клинтон ја бранеше политиката на враќање на малолетниците, тврдејќи дека тоа ќе ги одврати семејства да ги праќаат своите деца сами на опасното патување.

Мартин О' Мајли, кој во анкетите заостанува зад Клинтон и Сандерс ја користи платформата да го истакне својот учинок за реформи во имиграцијата како гувернер на сојузната држава Мериленд. Тој ги критикување неговите ривали за ставање на политиката пред принципите. „Нема да постигнеме подлабоко разбирање, кое во моментот е потребно за да имаме сеопфатна имиграциона реформа, или да ја затвориме практиката на проширување на имигрантските кампови во нашата земја, ако анкетарите влијаат врз нашите ставови“.

О' Мајли го критикуваше Сандерс, особено за гласањето против предлог-законот за сеопфатна имиграциона реформа во 2007 година. Сандерс, кој оттогаш ја промени својата позиција, тврдеше дека законот ќе ги намали платите на работниците со ниски приходи.

XS
SM
MD
LG