Линкови за пристапност

Импичментот најверојатно ќе биде во фокусот на дебатата на демократите


Aналитичарите очекуваат дека голем дел од дебатата ќе се фокусира на претседателот Трамп

Десетина кандидати за демократски претседател ќе бидат на сцената на следната дебата на партијата која ќе се одржи вечерва во кампусот на универзитетот Отербејн во Вестервил, Охајо.

Ова ќе биде четврта демократска дебата од јуни досега, при што веројатно главна тема ќе биде истрагата за импичмент насочена против претседателот Доналд Трамп.


Минатата недела поранешниот потпретседател Џо Бајден им се придружи на другите демократски кандидати во повикот за импичмент на Трамп за време на говорот во Рочестер, Њу Хемпшир.

„Доналд Трамп ја прекрши заклетвата и ја изневери нацијата“, рече Бајден.

Демократите во Претставничкиот дом започнаа истрага за импичмент, откако на 25 јули се појавија наводи на свиркач за телефонскиот повик помеѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Транскриптот од повикот покажува дека Трамп побарал од Зеленски да отвори истрага за Бајден и неговиот син Хантер, кој своевремено бил во одборот на украинска компанија за гас.

Трамп рече дека повикот бил „совршен“ и дека не сторил ништо погрешно.

Главна ривалка на Бајден на дебатата ќе биде сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен. Последните анкети покажуваат тесна трка меѓу нив, додека на трето место е сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс.

Ворен пред новинарите во Калифорнија минатата недела изјави дека не се колеба околу постапките на Трамп во врска со Украина и Бајден.

„Она што тој го стори е преседан и треба да биде отповикан“.

Вечерашната дебата ќе биде можност и за Сандерс да покаже дека е подготвен за кампања, откако доживеа срцев удар овој месец. Сандерс неодамна објави видео наменето за неговите приврзаници во кое им се заблагодари за нивната поддршка за време на опоравувањето.

Но, аналитичарите очекуваат дека голем дел од дебатата ќе се фокусира на претседателот Трамп.

„Мислам дека импичментот ќе биде централна тема и мислам дека кандидатите многу силно ќе се заложат за импичмент“, рече аналитичарот Џон Фортиер од Центарот за двопартиска политика во Вашингтон.

Предвидени се три претседателски дебати и една меѓу кандидатите за потпретседател од двете најголеми партии.


Комисијата за претседателски дебати го објави распоредот на дебати до претседателските избори во ноември 2020 година.

Предвидени се три претседателски дебати и една меѓу кандидатите за потпретседател од двете најголеми партии.

Првата претседателска дебата ќе се одржи на 29 септември на Универзитетот во Нотр Дам во Индијана. Втората на 15 октомври на Универзитетот во Мичиген во Ен Арбор и третата на 22 октомври на универзитетот Белмонт во Нешвил, Тенеси.

Единствената дебата за потпретседател ќе се одржи на 7 октомври на Универзитетот во Јута во Солт Лејк Сити.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG