Линкови за пристапност

Августовската конвенција на демократите во САД ќе биде виртуелна


Лидерите на партијата велат дека ги слушаат советите на здравствените експерти во однос на пандемијата на коронавирусот

Пандемијата на коронавирус ги натера американските демократи да направат историски чекор најавувајќи дека поголемиот дел од августската конвенција на партијата ќе ја пренесуваат во виртуелен формат.

Одборот на демократска национална конвенција ја објави одлуката во средата, велејќи дека на државните делегации ќе им биде кажано да останат дома со тоа што од градот домаќин Милвоки кој сè уште служи како центар, четири вечери ќе има преноси во живо.

Менаџерот за кампања на поранешниот потпретседател Џо Бајден, Џен О’Mајли Дилон, рече дека Бајден сè уште има намера „гордо да ја прифати номинацијата на неговата партија во Милвоки“.

Претседателот на Демократскиот национален одбор, Том Перез, рече дека партијата ги „слуша здравствените експерти и ги прилагодува плановите“ согласно со нивните препораки.

Републиканците ќе ја одржуват својата партиска конвенција во два дела, од кои првиот е процедурален од 21-24 август во Шарлот, Северна Каролина. Тоа беше првобитната локација за целата конвенција, но поради загриженоста за безбедноста поради коронавирусот, гувернерот Рој Купер одби да им даде гаранција на републиканците дека можат во државата да одржат голем настан со илјадници присутни.

Наместо тоа, претседателот Доналд Трамп ќе ја прифати номинацијата на неговата партија и ќе го одржи својот говор по тој повод, како дел од настаните што се одржуваат од 25 до 27 август во Џексонвил, Флорида.

Американските гласачи ќе го дадат својот глас за претседател на 3 ноември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG