Линкови за пристапност

Демократите утре на дебата


Демократскиот национален комитет објави дека следната дебата на демократите ќе се одржи како што беше планирано овој четврток, откако партијата се ангажираше да помогне во работен спор кој беше закана за дебатата, пренесе Асошиетед Прес.

Претседателот на Демократскиот национален комитет, Том Перез, рече дека тој помогнал „да ги доведе сите заинтересирани страни ... за да постигнат договор што ќе ги задоволи нивните потреби и ги поддржува работниците.“

Сите седуммина од кандидатите кои се квалификуваа на дебатата во Лос Анџелес, на крајот на минатата недела изјавија дека ќе ја бојкотираат дебатата, откако синдикатот што ги претставува работниците се закани дека ќе продолжи да го нагласува нивниот неуспех да постигнат колективен договор со компанијата за прехранбени производи „Содексо“.

Перез, поранешен секретар за труд за време на администрацијата на претседател Барак Обама, изрази поддршка за одлуките на кандидатите да не ја преминуваат црвената линија, и лично се ангажираше за да се постигне договор и да се избегне откажување на дебатата.

Сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, поранешниот потпретседател Џо Бајден, Градоначалникот од Саут Бенд, Индијана, Пит Бутиџеџ, сенаторката од Минесота, Ејми Клобучар, активистот за животна средина Том Стејер и бизнисменот Ендру Јанг се сите квалификувани да се појават на дебатата во четврток навечер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG