Линкови за пристапност

Бил Клинтон ќе се обрати на Демократската конвенција


Клинтон останува популарен меѓу Американците заради економскиот напредок за време на двата негови мандата во 90-те години.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон вечерва по локално време ќе го заземе централното место на Демократската национална конвенција во Шарлот, Северна Каролина. Тој се очекува да даде дополнителна поддршка за реизбор на претседателот Барак Обама на функцијата.

42-от претседател на САД и формално ќе ја објави номинацијата на 44-от претседател за претседателската функција. Клинтон е и натаму популарна фигура меѓу многумина Американци заради економскиот напредок за време на двата негови мандата во 90-те години, а експертите велат дека тој можно е да му помогне на Обама да ја добие поддршката од постарите бели Американци, припадници на работничката класа.

Главен настан на синоќешниот прв ден од конвенцијата, беше говорот на првата дама Мишел Обама која се осврна на карактерот на нејзиниот сопруг и способноста да носи тешки политички одлуки.
XS
SM
MD
LG