Кандидатите од Демократската партија кои се дел од трката за претседателските избори оваа година, во неделата се согласија дека имплементацијата на нуклеарниот договор со Иран и ослободувањето на американските државјани е позитивен чекор напред во односите меѓу двете земји.
Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон вели дека треба повеќе да се направи пред драстично да се започне со нормализирањето на односите со Иран. Таа смета дека САД треба да вршат притисок врз Иран околу „лошото однесување“ во регионот, како на пример делувањето во Сирија.
Сенаторот на Вермонт, Берни Сандерс кој ѝ се приближува на Клинтон во анкетите на јавното мислење од минатиот месец, вели дека постоењето на нуклеарен договор без војна и одмрзнувањето на односите помеѓу САД и Иран е многу позитивна дипломатија, но, тој вели дека веднаш не би отворил амбасада во Иран, наместо тоа, акцентот го стави на САД и Куба, како пример за придвижување кон подобри односи.