Линкови за пристапност

Американската демократија под притисок?


Барем за денешниот празник, Американците сакаат политиката да ја стават настрана. Но, останува прашањето, дали и колку САД се поларизирани?

Денот на независноста, има посебно место во срцата на Американците. Во целата земја, граѓаните традиционално се собираат за пикници и огномети за да го прослават роденденот на државата, но и да ја потврдат посветеноста спрема американската демократија.

Но, последниве години, се чини дека демократијата е под засилен притисок, а државата станува политички поларизирана. Во такви услови, честопати преовладува лутина, а заедничкиот јазик е потешко да се најде.

Познато е дека ништо не може да ги сплоти Американците, како огнометите на 4-ти јули, време кога како да се зема колективен здив и се размислува за демократските идеали, врз кои Америка е и основана. Но, идеалите за демократија деновиве се претворија во акција на улиците низ целата држава, вклучувајќи протести за актуелната имиграциона политика.

Претстојната битка за замена на врховниот судија Ентони Кенеди, кој најави дека ќе замине во пензија, исто така ги засили поделбите.

И републиканската и демократската страна, се полни со енергија.

„Луѓето се креваат. Доналд Трамп не е крал. Никој не дошол до Врховниот суд без да помине низ Сенатот“, рече сенаторката Елизабет Ворен, демократ од Масачусетс.

Поддржувачите на Трамп се исто така гласни, и големи ентузијасти за агендата на претседателот на САД.

„Ја враќаме нашата гордост. Ги враќаме нашите работни места. Го враќаме нашето богатство. И на граѓаните на оваа голема земја, им ги враќаме нашите убави американски соништа“, кажа Трамп.

За време на неговото претседателство, се заострија политичките разлики, а овде е вклучена и тековната истрага за Русија, предводена од специјалниот советник Роберт Мулер.

Анкетите покажуваат дека повеќето Американци ја поддржуваат оваа истрага.

Но, бројни републиканци, како конгресменот Треј Гоуди, ја сметаат како извор на поделби.

„Што и да имате, завршете го еднаш засекогаш, бидејќи оваа земја се разединува“, кажа тој по прашањето за израгата.

Политичките поделби во државта се реални, а понекогаш истото може да се каже и за стравот, сметаат експертите.

„Луѓето се чувствуваат како да отпишани од Америка, едноставно поради нивните политички убедувања, нивниот пол, расната припадност, нивната религија и, навистина, тоа е подолго присутно во поново време“, вели Алан Лихтман од Американскиот Универзитет.

Сепак, во најголем дел, барем за 4-ти Јули, Американците сакаат да ја тргнат политиката настрана и да ја прослават демократијата.

Истовремено, многумина се загрижени дека острата политичка поделеност на дневна основа, го отежнува процесот на изнаоѓање заедничка основа во држава каде демократијата има енергија и живот, но е и под притисок.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG