Раководителот на Поштата во САД, Луис Деџој, вети дeка сите гласачки ливчиња на претседателските избори од 3-ти ноември ќе бидат доставени „на време“ и ги суспендираше сите промени во агенцијата до после изборите, за кои демократите тврдеа дека би можеле да задржат милиони гласови да бидат испратени до изборните официјални лица за пребројување.
Деџој, богат донатор на републиканскиот претседател Доналд Трамп, кого тој го именуваше за раководител на американската Поштенска служба, во соопштение кажа дека „е подготвен денеска да се справи со каков било обем на изборна пошта што ќе ја добие оваа есен“.
Деџој рече, „Ние ќе ја доставиме изборната пошта на нацијата на време и во рамки на нашите добро воспоставени стандарди на службата. Американската јавност треба да знае дека ова е наш прв приоритет меѓу сега и изборниот ден“.
Тој кажа дека мерките за намалување на трошоците што ги презел во агенцијата притисната со дефицит ќе бидат прекинати до после Денот на избори „за да се избегне дури и алузија на влијание на изборната пошта“.
Гласањето по пошта во САД во некои држави започнува во септември.
Деџој го прекина прекувременото работење за работниците, заради што некои критичари тврдеа дека резултирало во одолговлекување на доставувањето на поштата.
Но тој рече дека „прекувремената работа била и ќе биде одобрувана по потреба“.
Деџој исто така рече дека опремата за процесирање на поштата во поштенските центри и сините кутии за собирање пошта на улиците низ САД „ќе останат каде што се“ и дека ниеден центар за процесирање пошта нема да биде затворен. Последниве денови во некои градови, поштенската агенција беше видена како отстранува улични поштенски сандачиња што доведе до наводи дека човекот на Трамп се обидува да му помогне да победи со попречување на гласањето по пошта.
Американските изборни официјални лица очекуваат милиони повеќе гласачки ливчиња да бидат испратени по пошта во споредба со претходните гласања за претседател, од причина што гласачите ќе се обидат да избегнат излегување на гласачките места заради опасноста да се инфицираат со коронавирус додека чекаат во редици за гласање.