Линкови за пристапност

Проблеми за американскиот пензиски систем


Американските владини програми што обезбедуваат пензии и медицинска грижа за постарите се соочуваат со дефицит, и може да треба да ги редуцира бенефициите освен доколку Конгресот направи некои промени. Програмите покриваат десетици милиони Американци.

Подоцна во понеделник владини експерти ќе објават извештај за финансискиот статус на пензиската програма, наречена Социјално осигурување, и програмата за здравствено осигурување, Медикер. Понеделничкиот извештај ќе објасни дали проблемите се влошиле или ситуацијата се подобрила.

Минатата година излезе извештај дека фондот на Социјалното осигурување ќе остане без пари во 2036. Тоа би можело да значи дека системот ќе се потпира единствено на специјалните даноци на платите за приход, принудувајќи ги официјалните лица да ги намалат бенефициите за околу една четвртина.

Беше речено дека програмата за здравствена заштита на постарите ќе се соочи со сличен проблем, во 2024.

Проблем е што невообичаено голема генерација родена непосредно по Втората светска војна стигнува за пензионирање, зголемувајќи го бројот на луѓето кои можат да примаат пензија.

Но генерациите кои следат по таканаречените „беби-бумерс“ имаат помалку членови така што даноците на нив носат помалку пари.

Тоа на креаторите на политиката им остава тежок избор – да ги зголемат даноците, да ги намалат бенефициите, или да изберат дел од двете.

XS
SM
MD
LG