Линкови за пристапност

Трошоците за одбрана во светот растат


Најголемо зголемување има на Блискиот исток; Русија ја надмина Британија

Извештај за глобалната одбрана што внимателно се следи, вели дека 2014 ќе види прво големо зголемување во трошоците за одбраната за последниве пет години, предводено од зголемувањата на Блискиот исток, Русија и Азија.

Годишниот преглед познат како IHS Jane's Defense Budget Review вели дека очекува тоталниот буџет за одбрана да стигне 1.547 трилиони долари годинава, што е 0.6 проценти зголемување во однос на лани.

На Блискиот исток, со вложувања во одбраната предничат Саудиска Арабија и Оман. На други места, Русија ја надмина Велика Британија и дојде на трето место, по САД и Кина.
XS
SM
MD
LG