Американскиот претседател Барак Обама го потпиша законот за одбрана тежок 633 милијарди долари и покрај заканите со вето од Белата куќа бидејќи тоа ги попречувало напорите за затворање на американскиот притворен центар во Заливот Гвантанамо, Куба.
Претседателот изрази резервираност во однос на документот при потпишувањето доцна во средата, во Хаваи, но кажа дека нема да стои на негов пат.
„Нашиот Устав не му дозволува на претседателот можност да одобрува или отфрла одредени статутарни делови. Јас имам овластување да го потпишам или да го одбијам, во целина. Во тој случај, иако јас сум против делови во актот, потребата да се обноват критични одбранбени функции и финансирање, е премногу голема за да биде игнорирана.
Документот ги зајакнува санкциите спрема Иран и безбедноста на дипломатските мисии во светот.
Новиот закон вклучува две провизии кои практично го блокираат претседателот да го исполни ветувањето дека ќе го затвори притворниот центар во Гвантанамо.
Обама е против одредбата што ја обновува забраната за употреба на назначени фондови за трансфер на притвореници од Гвантанамо во САД. Тој исто така е против провизија што ја ограничува моќта на извршната гранка на власта за трансфер на притвореници во други држави.