Високиот официјален претставник на Одделот за одбрана Џон Руд, денес поденесе оставка на барање на претседателот Доналд Трамп.
Тој е еден од членовите на тимот за национална безбедност на претседателот, кој беше инволвиран во случајот со Украина, а кој замина од функцијата.
„Би сакал да му се заблагодарам на Џон Руд за неговата служба кон државата, и да му посакам успех во иднина“, напиша Трамп на Твитер.
Руд, кој минатата година потврди дека украинската антикорупциска кампања напреднала доволно за да се ослободи воената помош од САД, е последен меѓу официјалните лица кои мораа да се повлечат по завршување на постапката за импичмент на Трамп во Сенатот.
Одделот за правда најави дека Руд ќе замине од функцијата на крајот на овој месец.
Facebook Forum