Американскиот јазичен институт на Одделот за одбрана е едно од најголемите јазични училишта во светот. Неговиот Центар за странски јазици, со седиште во Монтереј, Калифорнија дава лингвистичка поддршка на Пентагон и други федерални агенции за различни мисии ширум светот.
Млади американски војници во училница во Монтереј течно говорат на мандарински, можеби еден од најтешките јазици на светот. Тие се меѓу 3.500-те студенти на Центарот за странски јазици на Пентагон каде се изучуваат 24 јазици. Досегашниот успех на Центарот беше причина за интересот тој да го прошири концептот и да понуди поддршка за се` поголемите потреби на Пентагон - да ги обучи војниците во јазични и културни особености за мисиите во Авганистан, Ирак и Пакистан.
Д-р Доналд Фишер е проректор на Центарот истакнува дека тој е поинаков од другите јазични училишта.
„Прво, учењето е бесплатно. Нашите студенти се на возраст меѓу 18 и 22 години, припадници на армијата. Учењето е од 6 до 15 месеци, зависно од тежината на јазикот“, објаснува Фишер.
Наставата се одвива во мали групи, од 6 до 10 студенти. Предаваат 2.250 инструктори. Д-р Фишер открива дека немаат доволно професори по фарси.
„Имаме околу 150, но ни требаат повеќе“, вели Фишер.
Шакиба Бадихи тука предава од 2000-та.
„Студентите не ни чуле за фарси или пак Иран, дури ниту каде се наоѓа земјата. Заочнуваме од нула, од азбуката, а потоа преминуваме на културата на земјата“ раскажува оваа професорка.
Познавањето на странски јазик, барем во минимална форма, станува норма во американската армија - сите војници во мисиите во Ирак и Авганистан мора да го минат основниот, шестчасовен курс преку Интернет на Јазичниот институт на Одделот за одбрана, што вклучува културолошка ориентација, основни фрази и армиска терминологија.