Демократите и републиканците со месеци се борат во Конгресот за федералниот буџет и за тоа како да се стави растечкиот национален долг под контрола. Американскиот Секретар за финансии Тимоти Гајтнер вели дека владата го достигнала сегашниот лимит од 14 трилиони долари во мај, но дека користи сметководителни процедури за да му даде на Конгресот време до август да ја усвои легислативата што ќе спречи САД да заостанат во нивните должнички обврски.
На два месеци до рокот, лидерите на републиканскиот Претставнички дом гласаа во вторникот по мерка што самите ја предложија но исто така сакаа да биде поразена – „чист“ предлог-закон што требаше да го крене плафонот на долгот без скратување на трошоците. Гласањето беше 318 против спрема 97 за, и седуммина законодавци гласаа – „тука“.
Демократските законодавци ги обвинија републиканците за политичка фарса, за да ги имаат демократите дека официјално се за кревање на должничкиот долг без смалување на трошоците.
Претседателот Барак Обама и конгресните демократи се согласни дека е потребна акција да се редуцира федералниот буџетски дефицит, но тие предупредуваат дека американската економија е во процес на кревок опоравок. Додека републиканците повикуваат на длабоки скратувања и тоа веднаш, во износ од трилиони долари, демократите претпочитаат намалување на трошоците или зголемување на даноците во текот на неколку години како начин да се намали дефицитот. Републиканците велат дека зголемување на даноците не е опција.
Потпретседателот Џо Бајден ги води преговорите со конгресните лидери за добивање републикански гласови за кревање на должничкиот плафон преку наоѓање заедничка основа за намалување на владините трошоци. Преговорите многу веројатно ќе бидат дополнително искомплицирани со фактот што многу од 87-те нови членови на републиканскиот Претставнички дом се поддржани од движењето Ти парти што се залага за ограничена влада и длабоки скратувања на федералните трошоци, и кои може да имаат волја да дозволат августовскиот рок да истече.