Линкови за пристапност

Битката за границата на долгот со голем залог


Битката за границата на долгот со голем залог
Битката за границата на долгот со голем залог

Политичкото превирање во Вашингтон во врска со федералниот буџет најверојатно ќе се интензивира како што залогот расте од милијарди до трилиони долари. Дел од фокусот се менува, од несогласувања во врска со владините трошоци за една година, на поголема битка за се` поголемиот долг акумулиран во текот на многу години.

Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер вели дека залогот во борбата за лимитот на долгот е многу висок.

„Последиците би биле катастрофални за САД. Несолвентноста на САД ќе ги вовлече во криза далеку полоша од онаа низ која штотуку поминавме. Мислам дека кризата низ која минавме ќе изгледа скромна во споредба“, вели Гајтнер.

Поентата на Гајтнер е – ако Конгресот не преземе акција за кревање на лимитот на долгот, сегашните обврски и потребата од рефинансирање на поранешните заеми може да го натераат Вашингтон да го испушти плаќањето на ратите на постојниот американски долг. Тоа може да предизвика големи економски проблеми зашто инвеститорите можат драстично да ги кренат каматните стапки што ќе ги зголеми трошоците и ќе го усложни проблемот.

Гајтнер смета дека е крајно неверојатно Конгресот да постапи на толку неодговорен начин и да не го зголеми лимитот.

Многу години, Вашингтон трошел повеќе отколку што собирал од даноци и од други извори на приход. Тоа прави дефицит во годишниот буџет. Владата мора да позајмува пари за да ја покрие разликата. Сите овие годишни дефицити заедно го сочинуваат тоталниот долг.

Според американскиот закон, Одделот за финансии не може да позајмува повеќе пари со издавање обврзници ако Конгресот тоа не го одобри со кревање на законскиот лимит на позајмувањето. Сегашната граница е 14 трилиони долари, сума речиси еквивалентна на сите добра и услуги произведени во САД за една година.

Владата се очекува да го достигне својот должнички лимит следниот месец.

Во САД има закон за границата на долгот речиси еден век. За тоа време, лимитот бил намален неколку пати, и зголемен повеќе од 60 пати.

Како што се приближува таа граница, републиканците вршат притисок на на претседателот Барак Обама и неговите демократи во Конгресот да ги намалат трошоците по социјалните програми и да ги држат ниски даноците. Демократите сакаат да се справат со долгот преку зголемување на даноците за богатите Американци и намалување на програмите за армијата.

Многумина веруваат дека двете страни ќе дојдат до договор за да се избегне несолвентноста, но само по жестока реторика, што ќе биде голем политички театар.

Последователните годишни дефицити направија тоталниот долг да се удвои за последниве неколку години, и многу членови на Конгресот веруваат дека продолжувањето на тој курс со време ќе доведе до толку голем долг што ќе предизвика сериозна економска криза.

XS
SM
MD
LG