Линкови за пристапност

Почина актерката Деби Рејнолдс


Актерката почина од срцев удар, еден ден по смртта на нејзината ќерка

Американската актерка Деби Рејнолдс почина вчера од срцев удар, еден ден по смртта на нејзината ќерка Кери Фишер.

Синот на актерката Тод Фишер ја потврди смртта за повеќе медиуми:

„Таа сакаше да биде со Кери. Таа е сега со неа, и срцата ни` се скршени“, изјави Фишер, додавајќи дека смртта на неговата сестра била премногу за Рејнолдс.

Рејнолдс се прослави со улогите во многу класици, како „Пеејќи на дождот“.

Таа доби почесен Оскар во 2015-та, Хуманитарната награда Џин Хершолт, но беше премногу болна за да присуствува на церемонијата. Нејзината внука ја зеде наградата во нејзина чест.

Таа имаше две деца со пејачката ѕвезда Еди Фишер, кој ја остави заради актерката Елизбает Тејлор.

Рејнолдс и Фишер се појавија заедно во документарен филм, кој премиерно беше прикажан на Канскиот фестивал Франција, на почетокот на оваа година.

XS
SM
MD
LG