Линкови за пристапност

Дебати во САД за етиката на Врховниот суд


Врховниот суд во САД, април 25., 2024, Вашингтон
Врховниот суд во САД, април 25., 2024, Вашингтон

Дебатата за етика во Врховниот суд на САД беше обновена оваа недела, како што конгресните демократи го повикаа конзервативниот судија Семјуел Алито да се повлече од два случаи поврзани со изборите во 2020 година. Загриженоста на јавноста за судските стандарди расте. Известува Кетрин Гипсон.

Нова загриженост оваа недела во врска со етичките стандарди за највисокиот суд во државата….

„Проблемот со кој се соочуваме е што Врховниот суд избра да се однесува како судството да е над законот“, рече Хаким Џефрис, лидер на демократите во Претставничкиот дом.

Судските стандарди изложени на критики во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Судијата Семјуел Алито ги одби барањата на демократите во Сенатот да се повлече од судењето на два случаи поврзани со нередите во американскиот Конгрес на 6. јануари 2021 година.

Демократите се загрижени по извештајот на „Њујорк тајмс“ дека знамиња поврзани со немирите биле истакнати на имотот на Алито.

Алито, одговарајќи во писмо, вели дека тоа било одлука на неговата сопруга и таа има право на слобода на говор.

Поминавме долг пат од деновите кога велевме дека жената не може да направи ништо ако нејзиниот сопруг не би се согласил со тоа
Расел Вилер од Институцијата Брукингс

„Поминавме долг пат од деновите кога велевме дека жената не може да направи ништо ако нејзиниот сопруг не би се согласил со тоа. Таа е американски државјанин“, смета Расел Вилер од Институцијата Брукингс.

Минатата година, демократите во Сенатот извршија притисок за нови етички реформи кога излезе во јавноста дека наводно сопругата на конзервативниот судија Кларенс Томас била активна во напорите за поништување на резултатите од изборите во 2020 година.

„Проблемот со етиката и нејзиното обелоденување во Врховниот суд може да се реши од едно лице, главниот судија Робертс. Робертс има овластување и можност да се вклучи и да го заврши тоа сега, наместо да дозволи овој проблем да се задржи, па дури и да се влоши со однесувањето на некои од судиите“, посочува Дик Дурбин, демократски сенатор.

Експерти за судска етика им кажале на законодавците дека конфликтот на интереси е проблем кај судиите независно од нивната идеологија.

„Идејата дека овие неопходни реформи се политички или одмазднички, е подеднакво апсурдна. Иако не можеме да ги отфрлиме огромните етички проблеми на судијата Томас, исто така, е точно дека поранешните судии Гинсбург, Брејер и други работеле на случаи од кои веројатно требале да се откажат“, вели Доналд Шерман од асоцијацијата Граѓани за одговорност и етика во Вашингтон.

Врховниот суд често ги слуша барањата од пониските судови во САД за изземање на судиите со конфликт на интереси.

„За Врховниот суд нема повисок суд. Не постои суд до кој може да се поднесе отфрленото барање за изземање на странката. И судот допрва треба да воспостави каков било внатрешен механизам за да се справи со тоа“, додава Вилер.

Дурбин и други демократи во Сенатот бараат кодекс на однесување за судиите на Врховниот суд повеќе од една деценија.

XS
SM
MD
LG