За Хавиер Кироз Кастро, стапнувањето во најпознатиот дом во Америка беше невозможен сон - неговите родители го донесоа во САД од Мексико на тригодишна возраст, без легален статус на имиграција.
Но, во вторникот, тој ја посети Белата куќа - место далеку од болницата во Хјустон каде што работи како медицински брат. Тој денес е тука, рече тој, бидејќи ја искористил програмата „ДАКА“.
„Спасувањето на американски животи беше можно само поради ДАКА. Тоа ми овозможи да живеам и работам и да градам семејство во единствената земја што некогаш сум ја познавал и сакал“, Хавиер Кироз Кастро.
Овие луѓе формираат семејства, ги испраќаат своите деца во црква и училиште, плаќаат даноциЏо Бајден, претседател на САД
Во вторникот, американскиот претседател Џо Бајден објави нова мерка за да им понуди заштита на сопружниците на американските граѓани без документи - потег што Белата куќа вели дека се однесува на повеќе од половина милион луѓе.
„Овие луѓе формираат семејства, ги испраќаат своите деца во црква и училиште, плаќаат даноци, придонесуваат за нашата земја веќе 10 години или повеќе. Тие цело ова време живеат во САД, во страв и неизвесност. Можеме да го промениме тоа. И тоа е она што ќе го сторам денес“, истакна Бајден.
Но, имиграцијата е чувствителна тема оваа изборна година, а во изминатите 20 години, премините беа најголеми на јужната граница на САД.
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го обвини Бајден за, како што рече, „имигранска инвазија“. Трамп ги обвинува имигрантите за голем број зла, вклучувајќи криминал, инфлација, па дури и болести и тероризам, но често без јасни докази.
Педесет отсто од инфлацијата е предизвикана од зголемените трошоци за домување, кои вртоглаво се зголемуваат поради бранот на нелегална имиграцијаДоналд Трамп, републикански претендент за претседател на САД
„Се проценува дека 50 отсто од инфлацијата е предизвикана од зголемените трошоци за домување, кои вртоглаво се зголемуваат поради бранот на нелегална имиграција на Џо Бајден и високите каматни стапки“, тврди Трамп.
Застапниците за имиграција не се согласуваат, велејќи дека истражувањата покажуваат дека оние кои имаат корист од оваа политика придонесуваат околу 13 милијарди долари во потрошувачката моќ на американската економија секоја година.
„Проценуваме дека ако тие би биле државјани на САД неколку години подоцна, тие всушност би можеле да ја зголемат таа сума за околу 5 милијарди долари секоја година. Со некаков правен статус што ќе биде дозволен преку оваа политика, што ќе им овозможи да градат кариери на кои моментално не можат да работат, и да бидат попродуктивни во нашата економија, што ќе биде од корист за нивните семејства, но исто така корисни и за нашето општество како целина“, вели Филип Конор, Застапник за имиграција.
Ребека Ши, извршна директорка на американската коалиција за бизнис имиграција, вели дека нејзината мајка била без документи речиси две децении.
„Таа беше докторка во Кина, но 19 години живееше без документи во САД, работеше во кинески ресторани, работеше во домови за стари лица, притоа неможејќи да ја работи својата професија. Кога ја доби зелената карта, таа се врати на медицинското поле и тоа беше возбудливо и длабоко емотивно чувство за неа и со самото се покажа дека кога ќе ги легализирате луѓето кои се тука веќе со децении придонесуваат, го ослободувате нивниот економски потенцијал и тоа е добро за секој Американец“, посочува Ши.
А, за Американците како Хавиер Кироз Кастро, тоа е нешто повеќе: топла прегратка од земјата што ја нарекува дом.