Линкови за пристапност

Бајден наспроти сите демократски кандидати на дебатата во Детроит


Влегов во трка за претседател да го обновам духот на државата, рече поранешниот потпретседател на почетокот на вечерта

Поранешниот потпретседател Џо Бајден се соочи со критики од неговите противкандидати за здравственото осигурување, криминалот и расна поделбата, во текот на вчерашната претседателска дебата во Детроит.

„Влегов во трка за претседател да го обновам духот на државата“, рече Бајден на отворањето на дебатата.

Бајден го критикуваше планот за здравствена заштита на сенаторката Камала Харис, велејќи дека е збунувачки, за што доби контрареакции од Харис, која рече дека не успеал да го сфати оти не го прочитал.

Бајден се спротивстави на плановите за здравстевна заштита на другите демократски кандидати, велејќи дека треба да се поддржат промени на Законот за здравствена заштита, познат како Обамакеар

Тој рече дека планот на сенаторката Харис ќе чини три трилиони долари, и со него ќе се изгуби осигурувањето што 150 милиони граѓани сега го добиваат преку нивните работодавци.

Харис одговори дека поголем трошок е ако ништо не се презме, и оти мора да се делува веднаш.

Сенаторот од Њу Џерси Кори Букер го нападна Бајден за поддршка на Кривичниот закон од 1994-та година, кој довел до непропорционално затворање на Афроамериканците.

Бајден неодамна предложи нов план, во кој се повлечени клучните забелешки од првичниот кривичен закон.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио го напада Бајден за одбивање да одговори на прашањето дали го советувал поранешниот претседател Барак Обама да стави крај на депортацијата на три милиони недоукментирани мигранти, главно од Централна Америка, кои ја поминаа границата САД - Мексико кога Обама и Бајден беа на власт од 2009-та до 2017-та.

Неколку од демократските кандидати зборуваа за импичмент на претседателот Доналд Трамп, на крајот сите нагласувајќи дека ќе направат се` за да го победат Трамп на изборите следната година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG