Линкови за пристапност

Републиканците дебатираа за економската политика


Републиканците дебатираа за економската политика
Републиканците дебатираа за економската политика

Претседателските кандидати од Републиканската партија одржаа дебата во политички влијателниот Њу Хемпшир

Американските републикански претседателски кандидати во вторник одржаа дебата во политички влијателната североисточна држава Њу Хемпшир. Тркалезната маса главно се фокусираше на тоа како да се поправи националната застоена економија.

Осумтемина претседателски аспиранти минаа поголем дел од времето критикувајќи ја економската политика на претседателот Барак Обама, кого сакаат да го поразат на претседателските избори следниот ноември.

Кандидатите исто така беа фокусирани на поместување на поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни од првата позиција, кој се чини дека го одржа статусот на лидер во групата.

Ромни постави поумерен тон на дебатата, ветувајќи дека ќе работи со републиканците и со „добри“ демократи во наоѓање заеднички јазик за да се помогне на средната класа и државата да почне повторно да просперира.

Релативно непознатиот бизнисмен од Џорџа, Херман Кејн, кој се искачи високо на последните анкети поголем дел од дебатата ја мина бранејќи го својот план 9-9-9, кој бара промена на американскиот даночен кодекс со девет проценти за данок на продажба, корпоративен приход и личенприход.

Дебатата во Њу Хемпшир беше седма по ред во примарната сезона. Тоа беше втора дебата во истата држава, каде се планира одржување на прелиминарно гласање на почеток на јануари.

XS
SM
MD
LG