Линкови за пристапност

САД: Можно зголемување на границата за позајмување


Републиканците ја дале понудата под услов Обама потоа да седне на преговори за трошоците на државата

САД може да се на пат на преземање на првиот чекор кон зголемување на позајмувачкиот авторитет за да не потфрлат по нивните финансиски обврски.

Белата куќа во четврток кажа дека американскиот претседател Барак Обама е охрабрен со понудата на републиканските законодавци во Претставничкиот дом за шестнеделно зголемување на сегашната граница од 16,7 трилиони долари што САД очекуваат да ја постигнат за една недела. Тогаш САД велат дека ќе немаат веќе пари да ги плаќаат сметките.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни кажа дека понудата од републиканците во Претставничкиот дом, некои од најтврдокорните политички противници на демократскиот претседател, се чини дека е признавање дека САД не смеат да се доведат во состојба да не можат да ги плаќаат сметките.

Карни кажа дека Обама најверојатно ќе се согласи на краткорочно зголемување на лимитот, се` додека нема услови прикачени на него.

Но друго горливо финансиско и политичко прашање на Вашингтон, сега во 10-ти ден, е затварањето на владата и тоа засега останува нерешено.

Спiкерот Џон Бејнер, лидер на Претставничкиот дом под контрола на републиканците побарал од колегите да го поддржат зголемувањето на плафонот на задолжување на државата до 22-ри ноември, така што државата ќе може да позајми доволно пари за да ги плати своите сметки до тогаш, под услов Обама да преговара за трошоците на владата пред републиканците да се согласат да го прекинат затварањето на владата.
XS
SM
MD
LG