Линкови за пристапност

Сенатот денес би можел да гласа за пакет помош за малите бизниси и болници


Се работи за финансиска помош од 450 милијарди долари, за која американките законодавци се обидуваат да постигнат договор

Американските законодавци се близу до постигнување договор за пакет помош од 450 милијарди долари, со цел да им се помогне на малите бизниси и болници во справување со КОВИД-19.

За оваа легислатива, Сенатот би можел да гласа денес.

Лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом Стени Хојер, рече дека ако Сенатот ја одобри помошта денес, Претставничкиот дом би се состанал најрано в четврток, за да расправа за ова законско решение.

Најголем дел од парите би бил наменет за малите бизниси, кои беа изоставени во првиот пакет помош.

Согласно предложеното решение, ако некој бизнис ја користи оваа помош за да ги плати вработените во наредните два месеца, тогаш Владата ќе преземе одговорност за трошоците и бизнисот не треба да исплаќа ништо назад.

Официјалните лица сакаат да им помогнат на луѓето да останат вработени, а бизнисите да бидат подготвени да продолжат да работат, кога ќе биде безбедно за потрошувачите да се вратат.

Гувернерите на неколку сојузни држави на САД, најавија планови за олабавување на наредбите за седење дома, некои вклучително од наредната недела.

Во некои сојузни држави, имаше и мали протести да се врати економијата во нормала.

Но, главниот национален експерт за заразни болести Ентони Фаучи, предупреди дека оние што ги игнорираат наредбите за седење дома, би можеле да ги намалат шансите за економско заживување.

„Освен ако не го ставиме вирусот под контрола, вистинско заздарвување на економски план нема да се случи“, рече Фаучи.

Трамп ги поздрави демонстрантите, велејќи дека некои гувернери отишле предалеку со воведување рестрикции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG