Линкови за пристапност

Светот се загрева, но изборот ни останува нам


Според најнови истражувања, до 2100-та година делови од Јужна Азија ќе станат непогодни за живеење, особено доколку нема драматично намалување на испуштањето на штетни гасови во атмосферата

Со сценарио на големо испуштање на штетни гасови, и во случај на непреземање значителни мерки за запирање на климатските промени, „интензитетот на топлотните бранови ќе достигне досега нерегистрирани вредности“, изјави за Гласот на Америка, Елфатих Елтахир, научник во Институтот за технологија во Масачусетс (MIT).

Елтахир е ко-автор на извештајот објавен во журналот „Научни достигнувања“ (Science Advances).

Иронично, водата што првично ги привлекла луѓето кон овие региони, ќе биде причината животната средина да стане неподнослива за живот. Тие нема да бидат најтоплите места во светот, но комбинацијата од топлината, влажноста на воздухот, големата населеност и сиромаштијата, ќе придонесе некои од овие места да имаат најголем ризик за смртоност.

Истражувачите имаа намера анализата да ги земе предвид и топлината и влажноста и направија модел, при што предвид се зема вистинската температура, се одзема оладената, којашто се очекува да се постигне со испарување.

Ако температурата при овој модел се зголеми на околу 35 степени целзиусови, што е нешто помалку од нормалната температура на човечкото тело, дури и најздравиот човек, и тоа во сенка, со вода, ќе почине за неколку часа.

Според индексот на топлина, единица за мерење на влажноста на воздухот, која често се користи во временските извештаи, врз температурата се додава влажност, со што овој модел од 35 степени целзиусови, во превод би бил 72 степена.

Моделите воедно покажуваат дека во случај на големо испуштање на издувни гасови, ваквите температури најверојатно ќе бидат достигнати последните три децении од овој век и тоа во долината на реката Ганг, североисточна Индија, во Бангладеш, Шри Ланка, Пакистан.

Во извештајот се додава дека ако има големо испуштање на штетни гасови, наречено РКП 8.5 (RCP 8.5), околу 30 проценти од светската популација би била редовно изложена на екстремно опасни температури објаснети преку овој модел, или 31 степен целзиусов. Ако има пониско испуштање на гасовите, само 2 процента од светот би биле редовно изложени на овие температури.

„РКП 8.5 е смртна казна за голем дел од светот. Треба да се избегне по секоја цена“, вели Метју Хубер, научник на Универзитетот Пердју. „Не се бараат невозможни напори да се стори тоа. Изборот ни останува нам“.

Сите соговорници на Гласот на Америка нагласија дека ваквата ситуација можно е да се избегне, со предупредување дека може и да се влоши. Дел од експертите додаваат дека „нештата не застануваат магично во 2100-та година, светот се загрева“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG