Линкови за пристапност

Годишнина на Денот Д


Годишнина на Денот Д
Годишнина на Денот Д

На 6 јуни се навршуваат 67 години од Денот Д – инвазијата на сојузниците на Нормандија во Франција под нацистичка окупација за време на Втората светска војна.

Во САД, двајца ветерани на нормандиската инвазија (Џон Пелегрен и Хал Баумгартен) ќе ги споделат своите искуства со посетителите на Музејот на Втората светска војна во Њу Орлеанс(во јужната држава Луизијана).

Националниот споменик на Денот Д во источната држава Вирџинија ќе оддаде почит за Денот Д со средба на ветерани од Втората светска војна и говорници, вклучувајќи еден од малкуте живи учесници наградени со Медал на честа од Втората светска војна, Хершел „Вуди“ Вилијамс. Споменикот е лоциран во Бедфорд – градот што претрпе најголем број жртви од Денот Д според бројот на населението од кое било друго меато во САД.

Над 150 илјади американски, канадски и трупи на Британскиот комонвелт слетаа на плажите на северна Франција на 6 јуни, 1944 да ја ослободат Европа од Нацистите. Илјадници од сојузничките трупи беа убиени, а илјадници други беа ранети.

Инвазијата на Денот Д беше една од највнимателно планираните армиски операции во историјата и сосема ја изненади Германија.

Годишнината во Франција се одбележува со голем број посети со водичи и говори на нормандиските плажи.

XS
SM
MD
LG