Американскиот претседател Доналд Трамп се сомнева дали мировните разговори меѓу Израелците и Палестинците некогаш ќе продолжат.
Тој ова го коментираше за време на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, при што ги обвини Палестинците за непочитување на САД, бидејќи одбиле да се сретнат со потпретседателот Мајк Пенс за време на неговата неодамнешна посета на регионот.
Трамп се закани дека ќе ја укине хуманитарната помош за палестинските територии.
„Парите се на маса и тие пари нема да завршат во нивни раце, освен ако не седнат и да преговараат за мир. Ова е затоа што можам да ви кажам оти Израел сака да се постигне мир, така што и тие ќе мора да го сакаат истото или ние повеќе нема да имаме никаква врска со тоа“, изјави претседателот на САД.
Facebook Forum