Линкови за пристапност

Сиљановска Давкова од Пелинце: Ќе зборувам како партизанска ќерка, патриотизмот се докажува со работа за доброто на граѓаните


Наместо да се прашуваме дали сме го допреле дното и дали може да биде полошо, мора да се прашуваме како да биде подобро, рече Сиљановска Давкова во обраќањето од Пелинце
Наместо да се прашуваме дали сме го допреле дното и дали може да биде полошо, мора да се прашуваме како да биде подобро, рече Сиљановска Давкова во обраќањето од Пелинце

Оваа битка ќе ја добиеме само со европеизација на државата, со владеење на правото, со борба против корупцијата, со ефикасни институции, со компетитивна економија, со демократски вредности и демократска политичка култура, со човекови права и слободи, порача Сиљановска Давкова од Пелинце

Вистинскиот патриотизам се докажува не со празни зборови, не со гола реторика, туку со работа, со труд. Јас веќе се вклучив во оваа битка. Ќе ги искористам моите уставни и законски ингеренции за доброто на граѓаните и за иднината на републиката.

Тоа, меѓу другото, го истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето од Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, а по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден - Денот на Републиката.

Во рамките на положувањето цвеќе, Сиљановска Давкова беше придружувана од гардистките од баталјонот за почести на македонската армија.

Оваа битка ќе ја добиеме само со европеизација на државата, со владеење на правото, со борба против корупцијата, со ефикасни институции, порача Сиљановска Давкова од Пелинце
Оваа битка ќе ја добиеме само со европеизација на државата, со владеење на правото, со борба против корупцијата, со ефикасни институции, порача Сиљановска Давкова од Пелинце

Во своето обраќање Сиљановска Давкова се осврна на илинденскиот период, како и на периодот на Народно ослободителната војна. Претседателката направи споредба на илинденскиот период со Француската револуција, а за себе си рече дека се обраќа како партизанска ќерка.

Корупцијата и од непотизмот создадоа двојни стандарди, го нарушија владеењето на правото и го поткопаа општото добро
Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на С.Македонија

„Илинден е ден на светлината и на слободата. На овој празник над празниците се потсетуваме на двете етапи на вековната македонска борба за слобода и за државност. На овој ден над деновите се сеќаваме на двете илинденски поколенија – на Гоце Делчев и на Кузман Јосифовски-Питу, на Никола Карев и на Методија Андонов-Ченто“, рече Давкова.

Претседателката, во значаен дел од говорот упати и пораки за напредок на државата, за владеење на правото, за поттикнување на младите да останат и да го унапредуваат македонското општество.

„Успехот на републиката се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им нуди еднакви шанси за напредок на сите. Токму ова право е загрозено од корупцијата и од непотизмот коишто, изминативе години и децении, создадоа двојни стандарди, го нарушија владеењето на правото и го поткопаа општото добро. Но, и од долгогодишните неправедни блокади на нашите европски и евроатлантски интеграции коишто ја исцрпуваа државата“, истакна Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова: Дојдено е време за битка за четврта македонска република
Сиљановска Давкова: Дојдено е време за битка за четврта македонска република

Претседателката истакна дека е дојдено време за битка, за т.н. четврта македонска република во која ќе се обезбеди напредно и поквалитетно општество.

Наместо да се прашуваме дали сме го допреле дното и дали може да биде полошо, мора да се прашуваме како да биде подобро
Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на С.Македонија

„Оваа битка ќе ја добиеме само со европеизација на државата, со владеење на правото, со борба против корупцијата, со ефикасни институции, со компетитивна економија, со демократски вредности и демократска политичка култура, со човекови права и слободи, конечно, со функционални системи што ќе можат да се справат со пожарите, поплавите и другите елементарни непогоди. За да ја добиеме оваа битка, мора да ги вклучиме младите во секоја етапа на носење одлуки што се однесуваат на нив и на нивната иднина“, рече Сиљановска-Давкова и во дел од говорот додаде:

„Наместо да се прашуваме дали сме го допреле дното и дали може да биде полошо, мора да се прашуваме како да биде подобро“.

Претседателката Сиљановска Давкова, посочи дека патот за државата е евроинтеграцијата, но потсети и на бројни пречки во процесот за доближување кон ЕУ.

„На нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, сѐ уште се соочуваме со непринципиелни услови што постојано се менуваат. Но, знаеме дека меѓу земјите членки имаме многу пријатели коишто се застапуваат за нас и ја будат европската совест кон случајот со нашето маратонско интегрирање. Ние мора да им помогнеме со тоа што нема да отстапиме од зацртаниот европски пат. Тоа е и нашиот пат“, рече Сиљановска Давкова.

Претседателката посочи дека местото на државата е во Европа, но, како што рече, „со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење и меморија“.

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и српскиот претседател Александар Вучиќ имаа заедничка прошетка низ манастирот „Прохор Пчински“
Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и српскиот претседател Александар Вучиќ имаа заедничка прошетка низ манастирот „Прохор Пчински“

Како дел од програмата на чествувањето на Денот на републиката, Сиљановска Давкова положи цвеќе и во кругот на манастирот „Прохор Пчински“, каде се одржало првото заседание на АСНОМ. На овој чин присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ со кого одржаа прошетка и куса средба во манастирот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG