На 101-на година почина филантропот и милијардер, Дејвид Рокфелер, чие име важи за дефиниција на американскиот капитализам.
Поранешниот директор на банката „Чејс Менхетен“ беше последен внук на основачот на нафтениот гигант од 19-от век, „Стандард оил“, Џон Рокфелер.
Дејвид Рокфелер ја продолжил силната семејна поддршка за глобалниот капитализам заснован на американски принципи, обезбедувајќи дека никој не е изоставен. Тој беше критички настроен на други милијардери кои барале начини да затаат даноци.
Рокфелер воедно обезбедил семејното богатство да биде употребено за филантропски цели, вклучувајќи финансирање на уметноста и еколошки каузи.
Додека бил на чело на Чејс Менхетен, успеал да ги отвори првите канцеларии на една американска банка во Москва и комунистичка Кина.