Линкови за пристапност

Прајс: Референдумот е единствен пат до НАТО


Прајс: Америка е должна да ѝ објасни на Македонија зошто е важно да се гласа
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:04 0:00

Демократскиот конгресмен смета дека Договорот со Грција е разумен компромис и чекор кон светла иднина на државата

Македонија е камен темелник на Балканот и многу е важно да биде стабилна демократија и пример за регионот, вели демократскиот конгресмен Дејвид Прајс, пред претстојниот референдум в недела.

„Членството во НАТО ќе биде позитивен чекор напред, исто како и членството во Европската унија“, рече тој во интервју за Гласот на Америка.

Прајс смета дека зачленувањето во НАТО ќе биде бенефит не само за Македонија, туку и за соседите и сите западни сојузници.

„Сега проблемот е спорот за името, што стои на патот за ова. Цело време додека работевме со Парламентот го имавме овој предизвик. Отсекогаш ја поддржуваме Македонија да оди напред и да го реши овој проблем. За среќа сега изгледа доста веројатно дека може да биде решен“, додава тој.

Прајс се надева на позитивен исход на референдумот, потенцирајќи дека како пријател на Македонија, Америка е должна да ѝ ја објасни важноста од гласањето, како и позитивните резултати од позитивното гласање.

„Мислам дека присуството во НАТО и во Европската унија ќе биде многу позитивно за македонската иднина, вклучувајќи го и економскиот аспект, кој ќе промовира стабилна средина, демократски вредности и норми“, смета Прајс.

Според него, успешен референдум и влез во НАТО ќе биде достигнување за Македонија.

„Јас немам конкретни информации за напорите на Русија за мешање во изборите во Македонија, но, изгледа дека преку промовирање неточни информации се меша и во Македонија, во САД и во изборите на многу европски држави. Тоа е неприфатливо“, убеден е тој.

Прајс верува дека Договорот со Грција е разумен компромис и дека членството во евроатлантските организации ќе придонесе за светла иднина на државата.

„Се надевам дека Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО, а референдумот е единственот пат тоа да се постигне“, рече тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG