Линкови за пристапност

Однесувањето на Бугарија е фрустрирачки и за САД, рече конгресменот Прајс


Прајс: Бугарското вето отвара пат и други држави да поставуваат препреки
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:23 0:00

Демократскиот конгресмен од Северна Каролина вели дека се надева оти Бугарија ќе формира влада и ќе го острани ветото за пристапните преговори на Македонија со ЕУ многу брзо

Однесувањето на Бугарија е опасно и фрустрирачки, не само за Северна Македонија, туку и за САД, вели за Гласот на Америка демократскиот конгресмен од Северна Каролина Дејвид Прајс.

Прајс рече дека бугарското вето отвара пат и други држави да почнат да поставуваат вакви бариери.

„Очекувањата за влез на државата во ЕУ беа поставени пред многу години, а решавањето на спорот со Грција беше гаранција дека тоа ќе се случи. Беа потребни многу години да се реши спорот, и за среќа тоа се заврши. Имаше прашања за целиот процес покренати од Франција и од други држави, и сега оваа серија приговори од Бугарија. Секако и несигурноста дали Бугарија ќе има влада која решително ќе го продолжи ова. Долго време ѝ се давани ветувања на Северна Македонија. Сега да се поставуваат нови препреки е особено фрустрирачки и за нашата држава, и се разбира за Северна Македонија“, рече Прајс, додвајќи дека фактот што Бугарија нема формирано нова влада ја комплицира можноста решението да се постигне што е можно побрзо.

„Од каде дојдоа овие прашања за јазик и култура, и зошто оваа препрека се поставува токму во овој момент? Како некој што го следи ова доста време, преку нашата работа со Парламентот во Северна Македонија, морам да кажам дека Северна Македонија ги направи сите напори и делува со добра волја. Ова е најнепосакувана препрека толку доцна во процесот“, рече конгресменот.

Според него, однесувањето на Бугарија e проблем и за лидерите што ја промовираат европската перспектива во државата, оти, вели тој, на овој начин таа тешко може да се одржи.

„Можеби има сили во државата кои се обидуваат да го искористат овој проблем и да се спротивстават на приклучувањето кон Западот. Тоа нема да биде тотално изненадување, но, се надевам дека таквите сили нема да преовладаат. Тоа ќе биде добро и за Европа и за Северна Македонија. Ова ќе биде важен историски период во кој ќе се утврди правецот на Северна Македонија. Се надевам дека оваа приказна ќе има позитивен резултат“, вели Прајс.

Тој рече дека администрацијата на претседателот Џо Бајден верува оти Бугарија ќе делува со добра волја препреките да се отстранат брзо.

„Бугарија е пријател и сојузник, треба да се надеваме дека ќе се организираат сами како влада за да го разрешат ова многу брзо. Тоа е поглед на нашата влада, и верувам, и се надевам, дека ќе најдеме начини да делуваме да охрабриме овој пристапен процес да биде завршен“, изјави Прајс.

Конгресменот, кој со години работи на реформи во македонскиот Парламент, вели дека Парламентот треба да биде ефикасен, и да се избегнуваат бојкоти колку што е можно повеќе.

Тој ги охрабри реформите, особено напорите за борба против корупцијата, неопходни за влез во западните институции.

„Се надеваме и веруваме дека колегите во Северна Македонија ќе ја одржат вербата“, рече Прајс.

Во однос на доцната испорака на вакцини во државата, како и зависнота во голема мера од Руисја и Кина, Прајс рече:

„Јас се надевам дека нема да има услови поврзани со тоа, и дека нема да го компромитираат соверенитетот и националниот интерес на Северна Македонија. Нашата држава ќе многу проактивна да ги направи вакцините достапни. Ова е глобална пандемија и мислам дека новата администрација тоа го гледа така, и сигурно дека има многу поддршка во Конгресот за сериозен меѓународен поттик“, рече тој.

А шпекулациите за прекројување на границите на Балканот, Прајс ги нарече закана за кревање на тензиите во регионот.

„Не сум сигурен кој е изворот за ова, свесен сум за фактот дека циркулира дипломатски. Мислам дека државите за кои ние знаеме веројатно ќе го одбијат ова, и ние ќе ги поддржиме“, рече Прајс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG