Данска постигна одбранбен договор со Соединетите држави што ќе им овозможи на американските војници и воена опрема да бидат базирани на данска територија, изјави премиерката на земјата Мете Фредериксен.
10-годишниот договор беше објавен откако САД овој месец потпишаа слични договори со Финска и Шведска.
„Ова значи дека американските војници и опрема можат трајно да бидат стационирани на данска почва“, изјави Фредериксен.
Договорот, за кој Данска и Соединетите Држави започнаа да преговараат во февруари минатата година, ќе биде потпишан подоцна оваа недела и ќе стапи на сила кога ќе биде усвоено потребното законодавство околу една година од сега, рече Фредериксен.
Финска во понеделникот потпиша договор за одбранбена соработка со Соединетите Држави за да и овозможи на американската војска широк пристап преку нордиската земја до близината на нејзината долга граница со Русија.
Шведска потпиша сличен договор претходно во декември, а Норвешка, која исто така дели кратка граница со Русија, во 2021 година потпиша договор со САД за тоа како да се регулира американската воена активност на нејзина територија.
Извор: Ројтерс