Линкови за пристапност

Сервер: Промена на границата меѓу Србија и Косово може да ја дестабилизира Македонија


Напиша аналитичарот за Балканот на неговиот блог Peacefare.net.

Косовскиот претседател Хашим Тачи јасно кажа дека има намера да разговара со српскиот претседател Александар Вучич за промена на косовските граници, напиша аналитичарот за Блаканот Даниел Сервер, на неговиот блог Peacefare.net.

Сервер анализира дека наводно Тачи е отворен да направи замена на некои или на сите северни општини со српско мнозинство во Косово, за териториите со албанско мнозинство во јужниот дел на Србија.

Тој додава дека пред да се направи замената на териториите, ќе треба да има заеднички дипломатски договор.

„Со оваа идеја се калкулира многу изминативе недели, но, забелешките на Тачи се првиот јасен сигнал за албанската страна во оваа ситуација. Ова нема да се случи без посредништво на САД и Европа. Брисел и Вашингтон наводно одлучиле дека интегрирањето на северните српски општини во останатиот дел на Косово е премногу комплицирано“, вели Сервер.

Според него, корекцијата на границите е лоша идеја од повеќе причини.

На пример, мнозинството Срби во Косово, како и повеќето важни српски манастири не се во северниот дел, и замената би ја зголемила поддршката за тие Албанци во Косово, кои фаворизираат унија со Албанците, и за тие што се во Македонија, кои би сакале да се приклучат кон таканаречена поголема Албанија, што потенцијално ќе доведат до дестабилизација на Македонија.

Сервер вели дека Русите ќе гледаат на оваа промена на границите како на преседан, што тие би сакале да го направат со Јужна Осетија и Абхазија во Грузија, Транснистрија во Молдова и Донбас, како и Крим во Украина, нагласувајќи дека се надева оти ваков договор е лоша идеја и ќе се покаже како тежок за исполнување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG