Линкови за пристапност

Преку стомачниот танц до нов имиџ за Блискиот исток


Една група во Калифорнија се обидува да ја промени перцепцијата за стомачиот танц – од танц за заведување со сексуална конотација, во слободна уметничка форма

За многумина стомачниот танц е сексуално провокативен. Џилина Карлано се обидува поголема публика да го почитува – на поинаков начин.

„На моменти се чувствував обесхрабрена од дискриминацијата, што ние не бевме почитувани уметници. Требаше многу да се борам да ја докажам мојата танцувачка компанија. Тоа е прекрасна богата уметничка форма со илјадници години долга традиција“.

Компанијата на Карлано, „Еволуција на стомачниот танц“, инкорпорира стилови на западен танц во театрална претстава, да ја направи античката уметничка форма порелевантна за денешната публика.

„Имаме танчер на брејк-денс кој во шоуто прави хип-хоп. Имаме грузиски танц измешан со фолклорно танцување, американско племенска фузија“, вели Карлано.

Еклектична група танчери од светот ги изведуваат тетралните претстави, меѓу кои и Олга Крамарова од Украина.

„Танчерката имитира инструмент со нејзиното тело. Значи не е со намера да заведува, што е спротивно на верувањето. Тоа е тотално слободна форма на самоизразување со убедливи брзи движења и флуидни меки движења“, вели Крамарова.

Лорин Болт учела балет и џез од мала, но кај стомачниот танц нашла нешто што не го нашла во другите танчерски форми.

„Растејќи, секогаш претпоставував дека кај танцувањето се работи повеќе за мажествена енергија и стомачниот танц ми покажа дека тоа е и женствена енергија“.

Болт игра во новата претстава „Алиса во земјата на чудата“. Играла во многу места низ светот. Додека се во странство, водечките танчери обучуваат танчери од секаде, од државите на американскиот континент до Европа и Азија.

„Еволуција на стомачниот танц“ исто така вклучува локални танчери на претстави додека компанијата е на турнеја. Џилијана Карлано вели дека сака да и` даде на публиката поинаков имиџ за Блискиот исток, за кој вели дека во јавноста се поврзува само со војна и насилство, а малку се знае за блискоисточната култура.

XS
SM
MD
LG