Овонеделното торнадо во Мур, Оклахома, може да се покаже како едно од најскапите во американската историја, со проценки на аналитичари за економската штета меѓу 1,5 и три милијарди долари.
Еван Голд, претставник на консултантска фирма „Планалитикс“, за Гласот на Америка кажа дека неговата компанија штетата ја проценува на две до три милијарди.
„Се` уште е рано да се каже точната сума, но базирано на претходни настани, не само во Мур, туку и со други настани од сличен размер, веруваме дека ова ќе биде едно од најскапите торнада во американската историја“.
Директорот за истражување од Кинетичка анализа, Чак Ватсон, за Гласот на Америка кажа дека неговата фирма проценува дека штетата е околу 1,5 до 2 милијарди долари.
Понеделничкото торнадо срамни со земја голем дел од Мур, предградие на главниот град Оклахома Сити. Невремето уби барем 24 лица и повреди 240 други. Ватсон рече дека околу 80 до 90 проценти од економската загуба најверојатно ќе биде покриена со осигурителните полиси што ги имале сопствениците на имот и бизниси.
Но, економското влијание на невремето од Оклахома е мала штета споредена со таа што ја оставаат урагани во САД, како Суперневремето Сенди, што го погоди Њујорк минатиот октомври и предизвика 50 милијарди долари штета.
Голд вели дека торнадата и ураганите се многу различни видови на невремиња.
„Торнадото е многу фокусирано и погаѓа помали населени места. Но Сенди, како што знаеме, траеше неколку дена. Ова невреме беше само 40 минути и предизвика две милијарди штета“.