Линкови за пристапност

 
Дали Северна Македонија останува на европскиот пат или се движи кон геополитичка изолација?

Дали Северна Македонија останува на европскиот пат или се движи кон геополитичка изолација?


Знамиња на ЕУ, Северна Македонија и САД
Знамиња на ЕУ, Северна Македонија и САД

Владата уверува дека нејзината актуелна надворешна политика, која опозицијата ја критикува за неодредена и за импровизаторска, не значи оддалечување од Европската Унија за сметка на приближувањето кон новата американска администрација. Шефот на дипломатијата денеска, од собраниската говорница, одговараше пред пратениците како ја гледа меѓународната позиција на Северна Македонија во сложената глобална ситуација и искричењата во трансатланското партнерство.

Опозицијата прашува има ли надворешна политика, министерот вели „да“
please wait
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p

No media source currently available

0:00 5:40 0:00
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p

„Во делот на надворешната политика ќе работиме одговорно и транспарентно во интерес на заштита на нашите национални интереси. Тие се длабоко втемелени на три точки – нашето членство во НАТО, нашата усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и нашето стратешко партнерство со САД. Ниту една од овие теми не е помалку битна од другата. Треба подеднакво да ги гледаме, а не да одбираме со едната или со другата страна“, вели министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Mинистер за надворешни работи, Тимчо Муцунски
Mинистер за надворешни работи, Тимчо Муцунски

Муцунски денеска се сретна со американската амбасадорка на која, како што информираа од неговиот кабинет, било „потврдено силното и стратешко партнерство меѓу двете земји.... Партнерство за кое сведочеле и билатералните посети на високо ниво во изминатиот период“.

Токму тие чести посети на врвот на владата во Вашингтон, како и воздржаноста на Северна Македонија во гласањето на ОН за т.н европска резолуција за Украина, опозицијата, на денешната седница на Собранието, ги искористи како аргумент за да праша каде се движи земјата.

„Ова ја отвора дилемата: дали Северна Македонија останува на европскиот пат или се движи кон геополитичка изолација? Нешто што за ВМРО-ДПМНЕ, од минатото не е непознато. Премиере, да се гласа воздржан, значи да се нема став или да се нема стратегија“, рече Славјанка Петровска од СДСМ.

„Одлуката беше таква, затоа што имавме избор дали да застанеме меѓу првите во редот заедно со нашиот стратешки партнер САД или да поддржиме заеднички став на Европската Унија. Кога видовме дека во Европската Унија нема заеднички став по резолуцијата, тогаш беше логично да застанеме позади резолуцијата која што ја предложија Соединетите Американски Држави. На Советот за безбедност има постојани земји членки и земји членки кои се менуваат. Прашањето е зошто тие земји членки кои што се постојани или повремени, а се дел од ЕУ, не го блокираа носењето на резолуцијата на САД?! Зошто не гласаа против? Знам зошто. Затоа што сега тие земји ќе се редат во Вашингтон, еден по еден“, рече премиерот Христијан Мицковски.

Но, дел од европските амбасадори во земјава, што на состаноци, што јавно, реагираа за ваквата постапка на македонската димпломатија. „Гласањето на Северна Македонија во Њујорк за нас беше нечекувано“, порача вчера францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер.

Премиерот и во денешниот настап во парламентот ги повтори позитивните впечатоци од новата администрација во Вашингтон и начинот на кој пристапува на прашањата како руската агресија врз Украина, или конфликтот на Блискиот исток.

Македонки премиер Христијан Мицковски
Македонки премиер Христијан Мицковски

„Според мене, говорот на потпретседателот Џеј Ди Венс беше инспиративен историски говор. Сакале ние да признаеме или не, тој говор, а и настаните кои следат, ќе го сменат светот. Дали на некој тоа му се допаѓа или не му се допаѓа, дали тие промени ќе бидат по теркот на очекувањата на поединци или не, не знам, но останува фактот дека светот менува. Новата американска администрација е предводник на тие промени. Наеднаш немаме офанзивна реторика во светот, без разлика дали станува збор за Украина, Израел, Газа, Блискиот Исток, други конфликти, гледаме дека реториката која сите сега ја прифаќаат и која е предвесник на тие промени, е мир. Така не беше до пред неколку месеци“, рече Мицковски.

Премиерот и владата сериозно инвестираа во релации со луѓе од опкружувањето на Доналд Трамп уште за време на претседателската кампања, а Мицкоски за неполн месец два пати беше во Вашингтон – првиот пат на инаугурацијата, вториот пат за да учествува на Конференција на конзервативната политичка акција. Опозицијата го поздравува неговото често патување за САД, но и прашува дали и каква корист од тоа има земјата.

XS
SM
MD
LG