Линкови за пристапност

Средба Далај Лама - Мартин Шулц


Состанокот предизвика негодување и реагираa од официјален Пекинг

Според „politico.eu“, по одржаната средба кинеските официјални лица во знак на протест ја откажале престојната посета на економската делегација на ЕУ во Кина.

Далај Лама во Советот на Европа изрази благодарност за поддршката која ЕУ му ја дава на тибетанскиот народ, кој како што тој вели - живее во страв.

Во официјална изјава, канцеларијата на Шулц ја потврди средбата очи в очи со тибетанскиот лидер, во која, како што се вели дискутирале за глобалните прашања и за ситуацијата со човековите права во светот“.

Во соопштението уште се вели дека Европскиот Парламент ја поддржува политиката на „една Кина“ и изрази загриженост за состојбата со човековите права во Тибет.

XS
SM
MD
LG