Линкови за пристапност

Дали ќе продолжи изградбата на нафтоводот Дакота?


Нафтоводот треба да минува близу земјиште на племето на домородните Американци, Сијукс, кои остро се противат на иницијативата.

Инженерски корпус на американската армија соопшти дека ќе даде дозвола за изградба на контроверзниот дел од нафтоводот што минува низ Северна Дакота, повлекувајќи го претходниот став дека ќе чека на натамошна евалуација од експерти за заштита на животната средина.

Нафтоводот треба да минува близу земјиште на племето на домородните Американци, Сијукс.

Членовите на племето и нивните симпатизери на неколкупати протестираа против проектот, велејќи дека нафтоводот би бил преблиску до свети гробишта, и би значело ризик за загадување на резервите за вода.

Поранешниот претседател Барак Обама нареди прекин на проектот во декември минатата година, но претседателот Доналд Трамп нареди да се комплетира изградбата.

Се` уште нема одговор од племето Сијукс на најновиот развој на настаните.

XS
SM
MD
LG